Кочанчанец фалсификувал пари

Националната канцеларија за кривични работи Кочани поднесе кривична пријава против кочанчанец М.Д.(59) поради постоење сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување пари“.

- Пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил шест фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра и на 13 јули годинава во банка во Кочани заедно со оригинални банкноти ги пуштил во оптек шестте фалсификувани банкноти со уплаќање на неговата девизна сметка, соопшти полицијата.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега