Љубов од младоста - Филип по 34 години ја пронајде Вера

Французинот Жан Филип пред 34 години запознал една девојка, по име Вера, на Зларин, во близина на Шибеник, и покрај толку години што поминале тој не може да ја заборави, па решил да ја бара. Тој ја замолил туристичката заедница Зларин да му помогне во тоа. 

Агенцијата на нивната страница на Фејсбук ја објавила фотографијата со цел да се пронајде девојката на сликата.

За среќа потрагата не траела долго. По неколку сати на страницата се појави овој статус.

„И така нашата ’Љубовна потрага’ или само ’Потрага за стара пријателка’ е успешно завршена! Господинот Жан Филип им се заблагодарува на сите кои помогнаа. Сега ќе им дадеме малку мир и тишина да го надополнат изгубеното време, а може и да се јават со некои интересни работи“, стои на сајтот.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега