Внимавајте во странство - некои наши навики се навредливи

Однесувањето кое за една култура е вообичаено, за друга може да значи навреда.

Еве пример кои наши секојдневни работи се навреда во други земји.

Бакшиш - Во Јапонија и Јужна Кореја бакшишот се смета за навреда. Тие длабоко веруваат дека се добро платени за својата работа и добра ја работат, па не им е потребен паричен поттик.

Седење на задното седиште во такси- Во Австралија, Нов Зеланд, во некои делови на Ирска, Шкотска и Холандија седењето на задното седиште се смета за непристојно. Во прашање е еднаквоста.

Палец нагоре- На Блискиот Исток, во Латинска Америка, Западна Африка, Русија и Грција палецот нагоре има исто значење како и подигнат среден прст.

Доцнење - Академското доцнење од 15 минути, кое за нас колку-толку е прифатливо, во некои земји како што е Германија, се смета за безобразно, бидејќи значи дека не се цени времето на другиот. Од друга страна во Латинска Америка, поточно во Аргентина има непишано правило дека на вечера секогаш се доцни.

Отварање на подароците веднаш - Во Кина и во Индија кинењето на украсната хартија пред тој што го подарил подарокот, покажува алчност.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега