Почна санацијата на водоводна и канализциона мрежа на штиспката улица Вардарска

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на улицата Вардарска, која е дел од Програмата за приоритетни улици.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев информира дека екипите веќе ја отстраниле коцката од улицата, по што веднаш почнуваат со копање на рововите, каде ќе се ставаат водоводната и канализациона мрежа, пренесува Миа.

- ЈП „Исар“ ќе постави нова водоводна мрежа во должина од 320 метри и канализациона мрежа во должина исто така од 320 метри. Оваа реконструкција е со цел да се подобри притисокот на водата и да се подобри водоснабдувањето во овој дел на градот. Во моментов работиме на потегот од крстосницата кај улицата Пиринска до крстосницата кај Дујле, вели Бојаџиев.

Тој истакна дека инвестицијата во нова водоводна и канализациона мрежа на улицата „Вардарска“ чини 30 000 евра. По завршување на овој потег екипите ќе продолжат со санација на мрежата и до Основното училиште „Гоце Делчев“, а веднаш потоа од страна на Општина Штип ќе биде проширена и асфалтирана оваа улица, која е една од главните сообраќајници во градот. 

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега