Ќе ги реши сите проблеми во светот - еве што планира да направи Кање

Синоќа се одржа доделувањето на MTV VMA наградите, каде Тејлор Свифт собра најмногу награди.

Овој настан не можеше да помине без Кање Вест и неговите испади. Инаку, тој објави дека планира да се кандидира за претседател на САД во 2020 година. Синоќа на церемонијата тој ја прими наградата за животно дело, која до сега му е доделена на Мајкл Џексон, Џенет Џексон, Бритни Спирс и други. Кога излезе на бината да го прими признанието, Кање започна да зборува дека родителството го променил.

„Како што веројатно до сега можевте да претпоставите, одлучив да се кандидирам за претседател во 2020 година“, рече Вест.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега