ФОТО: Блесна Супер Месечина на небото над Македонија
На небото синоќа можеше да се види појава на Супер Месечина. Ова е прва Супер Месечина која се појавува оваа година, а не очекуваат уште две до крајот на годинава.
Месечината изгледаше доста сјајна и поголема од вообичаеното, затоа што се наоѓаше во перигеј, тоа е точка кога месечината се наоѓа на најмала оддалеченост од Земјата, а Супер Месечина е моментот кога ќе биде полна месечина и истовремено во фаза перигеј.
Супер Месечината се појавува неколку пати во годината, ова беше прв пат оваа година, а следната Супер Месечина ќе биде на 28 септември.
Оцени ја веста
30.08.2015 - 14:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа