Општина Аеродром обезбеди нова училишна облека и за оваа година

Општина Аеродром набави училишна облека за учениците од основните училишта на нејзината територија и за оваа 2015/2016 учебна година. Со тоа продолжува традицијата што почна минатата учебна година учениците од сите основни училишта во општината да носат училишна облека.

 

Целта на овој проект, кој наиде на одобрување и прифаќање не само кај учениците, туку и кај родителите, е сите ученици да бидат облечени во иста облека и да се навикнат на соодветен кодекс на облекување и на тој начин основните училишта да ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи.

Новата училишна облека е изработена од уште поквалитетен материјал и се состои од сиви панталони, бели блуза со кратки и со долги ракави и тегет елеци со амблем, на кој е извезено логото на општина Аеродром и името на училиштето.

Девојчињата имаат можност да одберат здолниште или панталони. Трошоците за околу 6.000 училишни комплети повторно, како и минатата година, ќе ги покрие општина Аеродром.

5009999999unnamed

Искуството покажа дека со воведувањето на училишната облека се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а од друга страна, пак, на родителите им се намалија трошоците за купување гардероба, која некои родители не можат да си ја дозволат.

Инаку, денеска во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, во присуство на градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, како и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, официјално почна врачувањето на новата училишна облека за учениците од основните училишта.

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега