Дојран и АРМ ќе ја реконструираат фронтовската линија од Првата светска војна

 

Општина Дојран и Армијата на Република Македонија ги стартуваа активностите околу реализација на заедничкиот проект за реконструкција на делот од општината низ кој се протегала линијата на Македонскиот фронт од Првата светска војна.

- За нас ова е еден од најзначајните проекти, рече градоначалникот на Дојран, Борче Стамов кој истакна дека фронтовските линии ќе бидат реконструирани за презентација пред туристите како своевиден голем музеј на отворено, по теркот на локалитетите во Нормандија или Ватерло.

Реализацијата на проектот за средување на просторот околу бункерите и рововите од тој период ќе трае неколку години, а веќе почна да привлекува туристи и гости претежно од странство.

Претходно, општина Дојран и АРМ заедничката соработка ја почнаа со проектот за реактивирање на воениот камп во „Мрдаја“ кој се наоѓа во финална фаза.

ФОТО: Денешен

најчитано сега