Основните училишта во Центар подготвени за првиот училишен час

 

Во учебната 2015/2016 во седумте основни училишта на територијата на општина Центар запишани се 4.308 деца, од кои 576 првачиња.

Директорките на училиштата на денешната средба со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, како што соопшти неговиот кабинет, посочиле дека подготовките за почетокот на учебната година се завршени.

Градоначалникот Жерновски ги информирал дека од оваа учебна година наместо родителите, како досега, обезбедувањето на училишните објекти, како и еднодневната екскурзија ќе ги плаќа општината. 

 

 

Оцени ја веста

19.08.2015 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега