Eве колкави казни заработија насилниците кои кршеа и палеа во поддршка на Џафери

 

Од 4 месеци до 1 година затвор заработија деветмина од обвинетите за насилствата кои се случија на 2. март, на протестите за поддршка на тогаш избраниот министер за одбрана Талат Џафери.

Обвинетиот кој е во бегство доби највисока затворска казна од една година. Шестмина обвинети добија условни казни, додека ослободителна пресуда заработија тројца од вкупно седумнаесетмината обвинети. Сите кои беа притворени, од денеска се на слобода, се до правосилноста на пресудите.

17 мината обвинети се товарат за учество во толпа што ќе стори кривично дело. Според обвинението, толпата направила штета од речиси 9 милиони денари. Разбеснетите протестанти, на 2. март демолираа неколку полициски возила, преку 15 приватни возила, 10 тина прозорци, две автобуски постојки и два автобуси на ЈСП. Насилниците запалија и автобус со број 9 на ЈСП и ги каменуваа противпожарните возила кои пристигнаа да интервенираат.

Во протестите беа повредени и 20 тина полицајци.

најчитано сега