ВИДЕО: Жителите од поплавените подрачја благодарни на премиерот Груевски за помошта

Премиерот Никола Груевски и владиниот тим денеска беа срдечно примени од жителите на Шипковица и Мала Речица, при нивната посета за санирање на штетите од невремето кое го зафати тетовско. Жителите на загрозените подрачја изразија голема благодарност до премиерот Груевски.

-Ви благодариме многу. Од првата ноќ кога дојдовте, еве ова е втор пат. Јас како претседател на месната заедница, ви благодариме многу, му порачаа жителите на премиерот Груевски.

Тој им одговори дека со задоволство дошол тогаш да помогне и рече дека му е мило што во разговорот со жителите разбрал дека во овие десет дена работите се одвивале така како што планирале. Груевски нагласи дека санирањето на штетите се одвива според ветеното, активностите течат интензивно и во нив е вклучен целиот државен тим.

- Ќе работиме максимално, се до целосно отстранување на штетите. Можете да сметате на нашата безрезервна поддршка. Тоа што го ветивме изминативе денови и го исполнуваме. Уште веднаш, првиот ден по поплавите струјата беше пуштена, а се донесоа и доволни количини вода, напомена премиерот, откако ги праша жителите дали и колку се задоволни од работата на институциите.

Груевски воедно информира и за вчерашната владина одлука која предвидува првична помош од 30.000 денари за семејствата чии објекти беа оштетени, плаќање кирија и 160.000 литри нафта за потребната механизацијата за санација на штетите. Помош, како што додаде премиерот, е обезбедена и за земјоделците кои до 26 август треба да ги пријават штетите. 

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега