Работнички без двајца клучни играчи на првиот меч против Рубин

Во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, македонскиот тим Работнички против Рубин Казањ ќе настапи ослабен.

Првата пресметка со Рубин се игра на 20-ти август на арената „Филип Втори“, а тој натпревар ќе го пропуштат Душко Трајчевски и Блаже Илијоски.

Напаѓачот Илиоски собра три жолти картони во Европа, еден против Јелгава и два против Трабзон, во Скопје и на гостински терен, поради што автоматски ќе мора да паузира еден натпревар.

Играчот за врска, пак, Душко Трајчевски на реваншот против Трабзон заработи исклучување (втор жолт на мечот) поради што и за него значи автоматска суспензија од еден натпревар.

Реваншот се игра на 27-ми август.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега