Премиерот Груевски денеска во охридскиот регион

Премиерот Никола Груевски денеска ќе го посети охридскиот регион.

Владината служба за информирање соопшти дека Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструиран водовод во село Ботун и на поставување камен темелник за изградба на колекторски систем, на потегот помеѓу селата Мешеишта и Волино. 

Во село Требеништа, според најавата, премиерот ќе го посети  реконструираниот објект на подрачната единица на основното училиште „Дебрца“ по што ќе присуствува на пуштање во употреба на новоизградениот кружен тек во Охрид, на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега