Отидов на бајач за да ми помогне, а тој ме силуваше - тинејџерка со солзи на очите раскажува за ужасот кој и се случи

Откако ме силуваше, единствено што сакав е да се убијам, да испијам лекови и на тој начин да го завршам мојот живот. Не сакав да кажам на никого и тоа бидејќи бев посрамена но и исплашена. Единствено што сакав е да умрам, вака ја започнала својата исповед 17 годишната тинејџерка од Србија. 

Таа за српски Ало изјавила дека со месеци чувствувала страв, а ноќе имала кошмари. Скоро секоја вечер во сон и доаѓала нејзината покојна баба за која била многу врзана. 

-Не можев повеќе да издржам, ниту пак да се борам со несоницата. Сакав да знам што ми се случува па со мајка ми отидовме на бајач се со цел да ми помогне. Влеговме во една просторија во која најпрвин ми ја миеше главата со некоја течност а истовремено и ми го прскаше лицето. Кога заврши со тоа, мајка ми реши да излезе надвор бидејќи беше претопло во просторијата. Во куќата останавме јас, тој и неговата жена која ниту гледа, ниту слуша. Тогаш започна пеколот, раскажуваа таа.

Според нејзините зборови, тој ја однел во друга соба која имала морничав изглед - испукани ѕидови, мал прозорец, бетонски под, стара маса и кревет. 

-Најпрвин ми ги допре дланките и ми кажа дека треба нешто да ми направи за да ми биде подобро. Ми кажа дека нема да можам да се омажам и дека никој нема да може да ме сака. Ме бакна три пати во образ а потоа тргна кон устата. Се збунив и се тргнав. Тој почна да шепоти и ми ја стави раката на градите, а по неколку секунди тргна да ми ги соблекува гаќите. Го бутнав со сета сила, но тој ми кажа дека така требало и дека морам да се соблечам. Ме фрли на креветот, ми ги соблече хеланките и тогаш започна пеколот, изјавила оваа несреќна тинејџерка.

 

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега