„Се фрапирав кога открив колку мажените скопјанки се желни за секс“

Б.С. потекнува од село во близина на Велес, а во Скопје е студен на еден од техничките факултети. Вели дека со „задоволување“ на незадоволените скопски дами почнал да се занимава случајно, кога еден ден во еден од преполните скопски кафулиња добил непристојна понуда од една 35-годишна дама да појде со неа до станот. И тоа, секако, за одлична сума пари.

– Прво се двоумев да не е некоја местенка, но како што течеше разговорот сфатив дека, всушност, таа користи услуги од жиголо со кој не може да стапи во контакт со недели, па поради тоа бара нов. По мало колебање прифатив и покрај убавиот секс, за мое пријатно изненадување имав и одлична заработка – раскажува Б.С., кој по неколкунеделното дружење со „дотичната“ бил препорачан и кај една нејзина пријателка.

Па така тој разработил шема по скопските кафулиња.

–Се фрапирав кога набргу открив колку мажените скопјанки се желни за секс. Можам да кажам дека еден евтин скопски хотел за време на паузата за појадок се користи исклучително за флерт и за швалерација – тврди студентот.
Според него, најчести клиенти се богатите скопјанки, кои се без работа и времето го „тепаат“ по многубројните кафулиња или, пак, жени, чиишто мажи често патуваат.

-Има и постари жени, кои мажите не ги задоволуваат и на овој начин го оддржуваат бракот. Тие се сексуално задоволени, материјално обезбедени и без јавни афери – додава тој.

Извор: Сител 

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега