МВР и Пазарна инспекција ќе ги ловат дивите пазарџии

Од денеска министерството за економија во координација со повеќе институции започна засилена контрола на сите зелени пазари во Македонија. 

За ова денеска информираше министерот за економија Ваљон Сарачини: - На сите што ќе продолжат да работат без да го почитуваат законот, им се закануваат казни и одземање на стоката во првата фаза. Во втората фаза, ќе бидат поднесени и кривични пријави.

Министерот Сарачини воедно напомена дека до Министерството стигнуваат поплаки од граѓаните, но и од луѓето кои законски работат на пазарите за разлика од дивите продавачи.

- Во последно време се евидентирани многу диви пазарџии кои продаваат нелегално, на улица. Затоа почнуваме со засилени контроли. Вчера на средба со Пазарната инспекција Општина Чаир, Град Скопје и МВР ги координиравме активностите, информира Сарачини.

Акцијата ќе трае во наредните 10 дена.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега