Ќе има ли избори и зошто можеби не?

24-ти април е така далеку, а толку близу. Денот кога, нели Македонија ќе треба да сврти нова страница, се гледа како премин од пеколот кон рајот. Двери на слободата. Демек од следниот 25-ти април се ќе биде поубаво, се ќе биде побогато, ќе има толку слобода и демократија што Шведска, Данска, Швајцарија, Норвешка ќе паднат во депресија. Единствено идилата може да ја поремети народот и на изборите повторно да погреши, како што велеше Великиот Прецедник. За да не се случи грешка на народот, потребно е работите да се доведат на свое место навреме.

Но, како што вака сега стојат работите, веројатноста на 24-ти април да нема избори е огромна. Да! Две сценарија можат да ја пролонгираат рамката на реализација на договореното од Пржино, но во основа и двете сценарија( директно или индиректно) имаат еден заеднички иментел. Тој може да се дефинира како “избори ќе има, но тогаш кога на терен владеачката партија нама да ја има поддршката”.  Со други зборови, за очекување е енергијата на  опозицијата следниот период повеќе да биде насочена кон обезбедување алиби за нов бојкот на изборите во април и повторно влегување на Македонија во нова политичка криза.

Состојбите би почнале да се комплицираат по изборот на “преодниот Премиер” по нова година, кога би зачестиле нелогичните постапки со цел да се доведе ВМРО-ДПМНЕ во ституација да биде посочувана како виновник за нереализација на договореното.  Терминологијата “еднакви услови на партиите за дејствување на терен” е толку широка, што многу лесно може да се користи како алиби за бојкот.

Како индиректна причина пак за пролонгирање на изборите може да биде и “изненадно позитивен” предлог на Метју Нимиц за решение на спорот со Грција некаде во март и “исклучително позитивниот фидбек” на Атина за релаксирање на односите и овозможување на прием на Македонија (во пакет со Црна Гора) во НАТО на самитот во јули во Варшава. Тогаш, во таква ситуација, фокусот би бил на тоа прашање, а се друго би станало споровозна тема.  Времето за избори би можело да биде заменето и со време за рефрендум, ако него воопшто и го има.  Варијанта која што би ја одиграле Европската унија и НАТО, пред се САД.  Верувањето е дека, ако помине решение на деценискиот спор со Грција, внатре-политичките кризи во Македонија ќе бидат одувани со нови политички ветрови, неколку месеци, или можеби, година-две подоцна. До тогаш власта би ја имале онаа преодна Влада.

Но, многу поверојатната опција за пролонгирање на изборите во Април останува играта на СДСМ, заснована на повремнено дозирани барања кои би биле на работ од рамката на договорот.  Такво нешто, според некои неофицијални информации, сериозно се анализира на “павелшатевска” и тоа како предлог на СОРОС групата. Таквата игра на нови и нови барања, кои се тука некаде во рамката на договорот, ќе има за цел да ги дразни нервите и да предизвика контра реакција на власта. Колку ќе успеат во тоа, ќе зависи и од тоа дали власта ќе успее да ги избегне замките на кои постојано ќе наидува во преговорите на работните групи.

Изборите и процесот пред, за време и по изборите, заедно со сите пропратни елементи се варијантата на која СДСМ најмногу ќе се обидува да издејствува отпор кај власта, што пак потоа би го претставила како алиби за нејзин бојкот. Иако е нелогично,  но се појасно е дека за да се изнесе опозицијата на предизборен терен, во најголема мерка веројатно ќе треба да се изигра по нејзините ноти. Или пак соодветно да се одговори со предлози за екстремна независност и професионализација на изборните правила, нешто што нема да може да се искористи како алиби за бојкот.

Но, како и да е. Претпоставките можат да се овистинат, но можат и да останат само на претпоставки. Она што засега е дефинирано е дека на 24-април треба да има вонредни параламентарни избори, со многум мнови правила. Конструктивност во таков процес е да се понудат што повеќе корисни решенија. Кој колку може.

За 25 години независност, Македонија имаше осум парламентарни изборни циклуци со само три промени на власта, во 1998, во 2002 и во 2006 година. Истовремено имаше и пет изборни циклуси за Претседател, како и шест за локална власт. Најголем дел од изборните циклуси во Македонија биле оспорувани од партиите кои ги губуле. И тогаш кога волјата на гласачите беше јасно изразена. Но, факт е дека во Македонија имаше проблематични избори во неколку наврати. Особено претседателските. Во 1994 груб фалсификат на цензусот во првиот круг. Во 1999 година  есктремно насилен фалсификат со полнење кутии. И во 2005-та голем сомнеж околу потребниот цензус за успешност на изборниот процес.  Проблематични биле особено локалните во 1996 и 2000 година, а во албанскиот политички блок и изборите во 2009-та. Локалните беа избори и со смртни случаи.  Од парламентарните изборни цикуси, освен во 1994-та, кога истовремено се одржаа со контроверзните претседателски избори, останатите (ако се исклучат изборите во 1990 кога жртва беа помалите партии) беа релативно успешни, ако се цени по изразената јасна воља на гласачите. Од избори до избори имало и помали и поголеми нерегуларности, но тие не биле пресудни во дрматична смисла за некаква промена на општата поддршка кон една или друга пратија. Со други зборови, во Македонија и со каква таква демократија, немало парламентарни избори со кражба на изборната воља. Мое лично мислење е дека притисоци и закани, пред и за време на изборите имало, но тие секогаш биле поразувани на денот на глсањето. Иако изборните процеси за сиве овие години доживуваа многу промени, сепак особено од 2002 година до дненеска Македонија има многу чист изборен процес. Но, за жал исто толку време има и политичка недоврба во резултатите. Во толку многу промени, можеби вредно е да се направи и уште една, но вој пат промена која од Македонија ќе направи пример за изборен модел. Дали тоа е можно? Да! Се се може, ако се сака. А, нели сите тоа го сакаме.

Почнувањето од нула ниту е страшно, ниту пак е каков било пораз. Ако најголемата причина за недовербата се детектира во изборачкиот список, тогаш ајде да го избришаме. Како да го составиме? Има многу опции. Некои се добри, некои се лоши, некои глупи, но за држава како Македонија потребно е да се пронајде најдобриот. Во денешниот свет на високо ниво на развој на трехнологијата, најдобриот начин е токму нејзино искористување.  Се друго може да биде импровизција. Да го избереме она, каде грешката се мери во промили и каде таа грешка техничи и се поправа.

Избирачки список составен по пат на отисок од прст, со задолжителна обврска за пријавување и дефинирање сериозни парични казни за непослушните, е можеби најблиску до постигнување на довербата за бројката на оние кои би имале право на глас. Но, за вистинско постигнување на таа цел, потребна е и активна улога на државата во тој процес. Мотивација, затоа што единствена негативна компонента од ваков процес, барем за привите избори, би била тоа што големите политички партии ќе го анимираат своето гласачко тело кое ќе влезе во тој список, но можноста голем процент од политички незинтересираните да останат надвор е огромна.  Тогаш пак нема да имаме реален избирачки список. За да се постигне крајната цел мора да има и мотивација, но и санкции за оние кои нема да се регистрираат.

Но, избирачкиот список не го решава целиот проблем. Тој е прв чекор кон крајната цел-доверба во изборниот резултат. (Не враќање, туку стекнување на таква доверба, бидејчи таа никогаш и ја немало во потполна смисла.) Целосно електронско гласање е решението кое може да ја извади Македонија, не од состојбата, туку од недовербата во состојбата. Електронскиот отисок од прст, освен за регистрација на избирачкиот список, мора да се користи и како прв чекор во гласачкиот процес. Тоа впрочем веќе и стои како законска обврска за некои наредни избори. Како би изгледал идеален изборен процес?

Македонија има околу 3500 избирачки места. Сите тие избирачки места мора да  бидат поврзани со единствен централен инфрматички систем во Државаната изборна комисија. Во него би била базата на се, а воедно тој би бил и аналитичи центар. Доаѓањето на гласачкото место за гласачот прво треба да значи информирање за процесот на гласање. За таа цел би требало да бидат поставени видо-анимиран снимен процес од почеток до крај. Покрај физичка идентификација преку биометрички документи, би следела и евиденција преку отисок од прст на гласачот. Тоа практично ќе значи отварарање на патот за гласање на избирачот. Отисокот од прст регистрира дека тоа лице го има, или не во избирачкиот список. Ако го има, автоматски компјутерскиот систем му го отвара просецот за гласање. Истовремено во централниот систем се вчитува податокот дека лицето го остварило гласачкото право. Вториот чекор е заминување на гласачот зад параванот каде ќе го чека електронски таблет со отворено гласачко ливче. На него ќе може да избера една од понудените опции, со дополнителна можност да избере и дека не сака да гласа за никој.  Потоа со” ДА” ќе мора да го потврдува неговото гласање. Евидентирањето на гласот би се врши во централниот изборен систем на ДИК, кој е целосно затворен до 19.00, односно до затворањето на сите гласачки места, за да нема никаков сомнеж дека некој има каков било увид во реузлтаите од гласањето. Единствен податок со кој може да се оперира за време на гласањето е секако процентот на излезност и бројот на гласачи. Заради безбедност и заради тајност на гласањето, освен редниот број на гласачкото место, на електронското гласачко ливче нема да има друг број, ниту пак системот би евиденторал тајмиг на гласање на гласачкото ливче.

Она што исто така е важно и неопходно да се направи е комплетен видо надзор на сите гласачки места и тоа од неколку агли, освен над параванот за гласање. Како бекап варијанта за првите, а по можност и за следниот изборен циклус, може да се користи и паралелен процес на гласање со класично ливче, кое покрај електронското гласање гласачот го пополнува и спушта во избирачката кутија. Тие гласови нема да се бројат, освен за статистичките податоци на ДИК. Електронското гласање дава можност за многу аналитички податоци кои би ги вршела ДИК по изборите. Тие можат да бидат корисни и за партиите, но и за политичката наука. Од типот на ворзраст, пол, етничка и географска анализа на гласачите. Она што е особено важно е што системот ќе гарантира цеосна тајност на гласањето.

Државната изборна комисија е најважниот елемент за кој мора да се постигне здрав систем на функционирање. Ние имавме многу опции, некои беа успешни, некои не, некои поуспешни, некои лоши, но главно се вртеа околу партиското влијание или невлијание врз членовите. Најсоодветно решение е ДИК да биде издигната на ниво на профиоснална институција ослободена од политички влијанија, но со екстремно високи санкции за каква било злупотреба. Државната изборна комисија би била институиција чии членови би биле бирани на мандат од седум- за една група и шест години за друга група. Претседателот на ДИК би го бирале членовите на ДИК. Државната изборна комисија би требала да има најмалку 15 членови. Шест од тие членови треба да бидат на предлог на четирите најголеми политички партии застапени во Парламентот, но како заеднички предлог. Главен услов би бил предлозите да призлезат од лица кои не биле на функции во ниту една партија.  Останатите два члена кои треба да бидат на предлог на партиите да бидат заеднички предлог на вонпарламентарните партии кои пред предлагањето, на последните избори, освоиле минимум 10.000 гласа по партија. Од останатите девет членови на ДИК, пет да бидат бирани на јавен конкурс со мандат од шест години. Другите четири членови на ДИК треба да бидат предложени од интеруниверзитетската конференција-еден член, еден од МАНУ, еден член на предлог на Врховниот суд и еден на Агенцијата за Медиуми. Сите членови на ДИК кои се по предлог (вкупно 10 на број) ќе ги избира Собранието. Останатите пет кои би се бирале на јавен конкурс и чиј мандат ќе биде една година помалку ќе ги избораат веќе избраните членови на ДИК. Претседателот на ДИК би бил избран од редот на членовите со двотретинско мнозинство гласови на непосредо тајно гласање меѓу членовите.  За сите членови главен услов за избор би бил да не биле дел од раководни позиции на централно и локално ниво и да не биле дел од политичка партија.

Анализите покажуваат дека ваков систем на електронско гласање може да се изведе во временски период од најмногу шест месеци. До договорените избори во април има повеќе од осум месеци. Паралелно во рок од седум месеци може да се заврши и процесот на електронска регистрација на гласачите и изработка на избоирачкиот список. Финансиски ваков процес во почетокот бил бил поскап од класични избори, но тоа би било еден вид влог, инвестиција, чија исплатливост ќе се покаже во следните изборни циклуси. Набавката на видео надзорот, теблет системот за гласање и системите за читање на отпечатоците, заедно со централниот интегрирачки компјутерски систем, според некои анализи на лица кои се занимаваат со компјутерски бизнис, не би чинела пвоеќе од 20 до 30 милиони евра. Она што е исто така позитивно е што таков систем на гласање би поддржала и меѓународната заедница, а тоа пак  би повлекло и одреден степен на донации во нејговота реализација.

Во светската демократска пракса има илјадници начини на гласање и разни модели. Македонија може да остане во рамките на изборни единици, но би можела и да направи класичен пропорционален изборен модел со една изборна единица. Во зависност од тоа дали сакате шаренолик Парламент се дефинира и минималниот цензус. Но, тоа и не е клучниот проблем. Воведувањето на целосно електронски систем на гласање од Македонија ќе направи регионален и европски пример. Единствената држава која од 2005 има сличен ваков процес на целосно ниво на избори е Естонија. Нејизното искуство покажува дека тоа е павецот во кој треба да се движиме.

Марјан Николовски – Новинар

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега