Пожарот ја спржи неговата девојка - а потоа нивното фото ја потресе и разнежи цела планета

Туриу за време на еден ултрамаратон кој го зафатил пожар, кој избил во шумата, во која таа трчала, се здобила со изгореници од околу 65% од телото.

Мајкл Хоскин и Туриа Пит се двојката која се познава уште од основно школо, а во врска стапија во 2009 година. По две години забава Туриа доживеала страшна несреќа поради што останала без прсти на десната рака а во болница минала пет месеци.

Мајкл се откажал од својата кариера на полицаец за да може да се грижи на адекватен начин за неа, а од неодамна и двајцата се верија.

„Купив дијамантски прстен додека била на интезивна нега, уште пред четири години. Не сакам да луѓето ме сожалуваат, затоа што таа само сака да продолжи со својот живот“, изјави Мајкл.

„Таа сака да го мине времето надвор на океан, каде минуваме заедно“, вели тој.

Таае возбудена поради веридбата а нагласила дека токму љубовта на Мајкл е тнооа што и помогнало да ја преброди оваа несреќа.

„Преубаво е да имате ваков човек во животот. Тоа го разбудува најдоброто во мене и се веселам што ќе го минам остатокот од животот со него“, изјави Туриа.

По несреќата таа продолжила да се занимава со трчање, велосипедизам, пливање и други спортови а почнала да се занимава и со хуманитарна работа.

Фотографијата која ја споделија го одушеви, а истовремено го расплака светот.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега