Џафери се сретна со амбасадорот на Израел

 

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Израел, акредитиран за Република Македонија, Јозеф Амрани.

 

-На средбата беше искажано големото задоволство од меѓусебната соработка, особено во сферата на  военото воздухопловство. Имено, потенциран беше успешниот проект Центар за обука на пилоти, кој е заеднички аранжман на Министерството за одбрана на Република Македонија со израелската компанија „Елбит“, првенствено наменет да произведе кадри од родот авијација, за потребите на Армијата на Република Македонија како и останатите сродни институции во државата. Во моментот, во Центарот за обука на пилоти, наставата ја следат четворица слушатели од првата класа,  двајца од втората, додека во тек е избор на кандидати од 128 пријавени лица на третиот распишан конкурс, информираат од Министерството за одбрана.

 

Од аспект на соработката, досегашните односи дадоа основ да се дефинира и правната рамка која подразбира потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу двете министерства како платформа  за соработка во идниот период.

 

Амбасадорот на Израел, во име на министерот за одбрана, во оваа прилика ја искористи можноста да упати покана за посета на земјата, која од министерот Џафери, со задоволство беше прифатена.

најчитано сега