ВИДЕО: Колекција на автомобили вредна 65 милиони долари!

Највредните автомобили на светот.

„Pinnacle Portfolio” е најскапата автомобилска колекција која некогаш била ставена на аукција. Сопственикот на оваа колекција не е познат. Анонимниот сопственик во својата колекција има 23 различни автомобили, од кои некои се вистински скапоцености.

Во оваа колекција можете да најдете  некои од историски европски тркачки автомобили од педесеттите и шеесеттите  години, како и неколку легендарни супер автомобили. Првиот произведен  Bugatti Veyron, ретките Lamborghini Reventor, McLaren F1 и Ferari Enzo се само некои од автомобилите кои ја сочинуваат оваа колекција.

Се проценува  дека оваа колекција ќе се продаде за повеќе од 65 милиони долари.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега