Возачот не се сеќава на ништо - еве ја состојбата на повредените во Волково

Најмалку 11 лица се повредени во сообраќајната несреќа во близизина на пругата во скопско Волково кога камион директно удрил во автобус на ЈСП, пренесе Здравство24.мк.

Меѓу поврдените има и 2 деца, едното на едно годишна возраст, другото на 7 години. Децата заедно со уште 5 други лица кои биле во автобусот со возила на Брза помош се префрлени во Ургентниот центар каде во моментот се вршат испитувања и сеуште не се знае за какви повреди станува збор. Според информации на здравство24 уште 4 лица меѓу кои и возачот на автобусот со Брза помош се донесени во ГОБ 8-ми септември. Директотот на болницата проф-д-р Сашо Стојчев вели дека најтешко повреден е возачот на автобусот. Две лица имале амнезија и не се секавале на ништо.Сите 4-ца имале повреди на главата и вратот.

-Во моментот на двајца од нив им се вршат снимања на компјутер за да се констатира за какви повреди станува збор,останатите две лица ќе бидат пуштени на домашно лекување, вели д-р Стојчев.

На местото на несреќата интервенирале 3 возила на Брза помош, кои по укажаната прва помош поврдените ги пренеле во болница. Полицијата врши увид по што ќе бидат познати точните причини за несреќата.

Извор: Здравство24.мк

најчитано сега