Хаос во Сараево, тепачка помеѓу две навивачки групи

Навивачите на полскиот тим Лех пристигнаа во Сараево, еден ден пред мечот од квалификациите во ЛШ и направија хаос.

Синоќа околу 20:30 часот во местото Вогошќа дошло до судир помеѓу навивачите групи на Сараево и Лех, а како што пренесуваат тамошните медиуми, инцидентот го предизвикале гостинските фанови.

tepacka-navivac2-500

Од друга страна, полските медиуми обвинуваат дека група од околу 30 членови на навивачката група „Хорде зла“ ја нападнала групата на навивачи на Лех, кои стигнале порано во престолнината на БиХ.

Според информациите, кои ги потврди и портпаролката на Клиничката болница, во инцидентите повредени се 18 лица, од кои три потешко. Од полесно повредените 11 се од БиХ, додека седум лица се од Полска.

tepacka-navivaci3-500

 

Сараево и Лех го играат првиот меч во вторник на „Кошево“ со почеток во 21:00 часот во рамките од второто квалификациско коло од ЛШ.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега