ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маж со нож нападна новинар на прес конференција

Инцидентот во Градската куќа во Ужица се случил денеска околу 12 часот, кога човек заканувајќи се со нож го повредил новинарот Милан Ѓокиќ од Ужица.

Според неофицијалните информации напаѓачот е уапсен. Имено, новинарот од Ужица е избоден со нож за време на конференцијата за медиуми во Градската куќа. 

Новинарот М.Ѓ. е нападнат  без причина. Тој е избоден во пределот под ребрата и моментално се наоѓа во болница во Ужица, каде лекарите ја следат неговата состојба.

На Ѓокиќ му е извадена слезината, изјавила портпаролката на Здравствениот центар Даниела Васиљевиќ. Таа навела дека операцијата е завршена и состојбата на новинарот е стабилна.

- Ѓокиќ се здобил со еден убод од левата страна на градниот кош, по зафатот бил на интензивна нега, а неодамна е префрлен на оделение, рекла Васиљевиќ.

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега