Тодоров: Набавена вакцина против стрептокока

Министерството за здравство набави нова вакцина против стрептокока пневмонија која нема да биде задолжителна. Вакцината е наменета за најмладата популација, за деца од 6 недели до 5 години, а за почеток се набавени 3000 вакцини.

Заинтересираните родители кои сакаат да го вакцинираат своето дете потребно е да се обратат до службата за имунизација во своето место на живеење и во рок од 10 дена ќе бидат повикани и нивните деца ќе бидат вакцинирани.

-Оваа вакцина штити од заболувања предизвикани од бакетеријата стрептокока, како што се пневмонија или воспаление на белите дробови, отитис или воспаление на увото, бронхитис, потешки форми како што се сепса, менингитис, артритис и други, посебно кај деца со намален имунитет, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

Тодоров посочи дека оваа вакцина е набавана поради големата заинтересираност на родителите кои ја барале.

-Податоците покажуваат дека над 2000 деца годишно во Р. Македонија добиваат бакетериска пневмонија, каде во 90% во причините, причинител е стрептококус пневмонија. Околу 1000 деца заболуваат од отитис или воспаление на увото и тука околу 90% причинител е стрептокока, истакна Тодоров.

Најризични групи за оваа бактерија се малите деца, особено децата со намален имунитет и потхранети и децата кои престојуваат во градиники како и повозрасни лица со хронични заболувања и ослабен имунитет.

-Според искуствата на педијатерите во нашата држава третманот на заболувањата причинети од стрептокока вклучува долготрајна антибиотска терапија, а често е потребно и болничко лекување. Инфекцијата може да се повторува и доколку не се третира навремено може да предизвика последици по здравјето на детето. Од социјален аспект болничкото лекување се одразува негативно на кавалитетот на животот и на детето и на родителите, рече министерот.

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега