Хрватска вети дека ќе им помогне и на другите балкански држави на патот кон ЕУ

 

На својот прв ден како членка на Европската унија Хрватска вети дека ќе им помогне на другите балкански држави да се придвижат кон членство во Унијата.

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ утринава организираше работен појадок за претседателите од регионот, кои вчера присуствуваа на свеченоста по повод приемот на Хрватска во ЕУ, соопшти Танјуг.

Појадокот е неофицијален, без истакнување на државни симболи. На него присуствуваа претседателите на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово, соопшти Танјуг.

Иво Јосиповиќ кажа дека балканските лидери се договориле повторно да се сретнат во иднина и да се обидат да усогласат заеднички проекти и да ги решат заостанатите прашања кои ги затегнуваат регионалните односи. 

ФОТО: Лидер.мк

најчитано сега