Монструмот од Тунис некогаш бил нормално момче - еве каков живот живеел

Монструмот кој го изврши терористичкиот напад на плажата во Тунис, пред исламските екстремисти да му го исперат мозокот, бил сосема нормално момче кое сакало да излегува во кафичи, да се дружи, да игра фудбал, а и обожавал да игра брејк танц.

Терористот Сеифедин Резгуи, има 23-години и студирал инженерство. Луѓето кои го познавале велат дека бил како и секое младо момче, но дека почнале да се сомневаат во него кога започнал да постира екстремистички пораки на социјалните мрежи и да го фали џихадот, пишува британски Мирор.

Фанатикот на фудбалскиот тим Реал Мадрид, уби 39 невини луѓе, а неговите блиски роднини, соседи и пријатели се шокирани од него.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега