Македонците за првпат добија советник во Подграец

 

По историската изборна победа во општина Пустец, единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција - МАЕИ, прокнижи уште еден успех на неделните локални избори.

По првпат партијата доби советничко место во општина Подградец. Советник во Советот на општината, кој ќе ги застапува правата на Македоците ќе биде Јован Шкмби. Советничката листа освоила 563 гласови.

Советник МАЕИ освои и во општина Малиќ, кај Корча. Тоа е Кичо Мујо.Советничката листа таму освоила 498 гласови.

МАЕИ обезбеди мнозинство во 15-члениот совет на општина Пустрец, каде има осум советници, додека по тртепат довербата за градоначалник му беше дадена на Едмонд Темелко со максимални 80 отсто од гласовите.

Победата Македонците освен со големата прослава на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ја прославија и во Туминец, а со прослави ќе продолжат и во други населени места со Македонци. 

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега