Полицијата ги чисти нелегалните тераси покрај Црн Дрим

Утрово почна „чистката“ на нелегалните тераси лоцирани на шеталиштето покрај кејот на реката Црн Дрим во Струга. Акцијата се спроведува со полициска асистенција.

Портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски информира дека отстранувањето почнало во 8 часот и оти засега немало проблеми и полициска интервенција.

Дел од сопствениците на угостителски објекти вчера сами почнаа да ги отстрануваат металните конструкции од шеталиштето. Општина Струга писмено ги извести сопствениците на спорните тераси да ги отстранат објектите до 30. јуни. За оние што не го испочитуваа рокот Локалната самоуправа пристапи кон присилно отстранување со специјализирана компанија, а трошоците ќе бидат на сметка на сопствениците. Најголем дел од објектите, кои го узурпираат кејот на Црн Дрим се монтажни или од метални контрукции. 

најчитано сега