Ирска и го предаде на Литванија претседавањето со ЕУ

Од денеска Литванија ќе го преземе шестмесечното претседавање со ЕУ, а нејзини приоритети ќе бидат финансиската стабилност и економски раст, велат нејзини официјални претставници. Во последните шест месеци со ЕУ претседаваша Ирска и согласно со принципот на ротација сега таа својот мандат и го предаде на Ирска која е млада членка на Унијата. 

Интересите на граѓаните на земјите членки ќе биде еден од основните приоритети, најави претседателката на Литванија Далија Грибаускајте за време на самитот во Брисел. 

- Ќе се стремиме кон финансиска стабилност, економски раст и намалување на невработеноста, посебно меѓу младите, истакна Грибаускајте.

Претседавањето со ЕУ од 1 јануари 2014 година ќе го преземе Грција. 

најчитано сега