Радоста им траеше само два дена: Новороденче се бори за својот живот
Загрозен е животот на бебе од Србија, бидејќи докторите не ја породиле на време мајката, пишува српскиот поратал kurir.rs.
Кога Јасмина Владимиров имала породилни болки и и пукнал водењакот, нејзиниот сопруг Вукелиц Вучетиќ, итно ја однесол на болница, но докторот ги вратил бидејќи водењакот не и бил пукнат.
Болките продолжиле, па нареден ден заминале во породилиште. Таму ја испратиле на итен царски рез, бидејќи водењакот сепак и бил пукнат.
Но пораѓањето не започнало тогаш, туку ја држеле под терапија. За несреќа, почнала да крвари, па дури тогаш докторите итно ја породиле со царски рез.
За жал, бебето не било во добра состојба, па е итно пренесено во болница во Белград, каде докторите се борат на неговиот живот.
Против геникологот Миодраг Николиќ, кој не ја поридил на време, е поднесена кривична пријава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа