Заболените од дијабетес на почеста контрола

Денес се одржа прес-конференција на Националната комисија за дијабетес, формирана при Министерството за здравство, на која се препорача пациентите да прават почеста контрола. Според нив пациентите со дијабетес треба да бидат добро регулирани за да се спречат комликациите од оваа болест, а неопходно е пациентите да прават почеста контрола, да се прошират инсулинските центри каде ќе се третира дијабетесот, како и да се отворат нови амбуланти.

„Во Националниот систем за електронска евиденција или т.н. „Мој термин“ се интегрирани сите препишувачи на инсулин, од цела држава. Последниот месец во овој систем се интегрираа и пациентите на инсулинска пумпа, кои претходно не беа. Овие пациенти, нивните сетови, резервоари ги снабдуваат на истото место каде го снабдуваат и инсулинот, во инсулинските аптеки со инсулински рецепти. Не мора да доаѓаат за тоа во Скопје“, истакна проф. д-р Татјана Миленковиќ. Освен тоа обезбедена е доволна количина и на сетови, и на сензори за мерење на фликемијата на луѓето кои се на инсулин или на инсулински пумпи. 

Националната комисија за дијабетес, како што информира Миленковиќ, прави и ревизија на работата на сите доктори како го спроведувата лекувањето на луѓето со дијабетес и нивната контрола.

Проф. д-р Мирјана Кочова од Детската клиника во Скопје соопшти дека досега децата ги контролирале на три месеци, а сега ќе ги следат на четири. 

„Овој систем обезбедува, доколку е потребно да ги контролираме и секој месец. Не треба да бегаме од контролата“ рече Кочова и додаде дека воведувањето на заеднички преглед и рецеп ќе помогне пациентот да се обрати до својот лекар. Во системот „Мој термин“ за дијабетот ќе бидат внесувани и резултатите од контролата на пациентите. 

Оваа болест мора да се лекува бидејќи може да доведе до слепило, бубрежнби, како и кардиоваскуларни болести.

Миленковиќ потсети дека сите луѓе со дијабетес со тип 1 имаат 125 ленти бесплатно годишно, обезбедени со програмата на Владата за мерење на гликемија. А оние со тип 2 на инсулинска терапија имаат 30 ленти месечно.  

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега