Филмска сторија позади апсењето на Бобан Насев од Комуникација.мк

Еднаш бил висок функционер во Министерството за информатичко општество, друг пат бил шеф на кабинет во Министерството за транспорт или потпретседател на кадровата комисија во Министерството за надворешни работи. Ова се само дел од функциите со кои лажно се претставувал Бобан Насев, сопственикот на порталот Комуникација.мк, дознава Press24.

Полицијата вчера го приведе а судот му одреди 30 дневен притвор по пријава на петмина оштететни граѓани. Со лажни ветувања за вработување и помош за добивање на социјални станови, осомничениот успеал од нив да извлече дури 21.000 евра.

На девојка од Скопје и ветил дека ќе ја вработи во Министерсвото за информатичко општество каде наводно обавувал висока и одговорна позиција. За услугата скопјанката му платила неверојатни 5.000 евра. Откако тој исчезнал од нејзиниопт радар без воопшто да и направи било каква услуга, случајот го пријавила во полиција.

Слична е и сторијата која им ја „продавал“ на радовишани, гостиварчи и штипјани.

На едно лице му ветил вработување во МНР како втор човек во кадрово. За сопругата пак ветил дека ќе обезбеди работа во Народната Банка. На сопружниците за оваа голема услуга им наплатил 10.000 евра. За да биде поуверлив им покажувал различни легитимации од дипломатски карактер а прикажал и една плакета од НБРМ која наводно ја добил од гувернерот за посебни заслуги.

На штипјанец, според пријавата на полицијата, Насев му ветил работа како негов личен шофер зашто тврдел дека тој е шеф на клабинет на министерот Миле Јанакиевски. За таа услуга однапред наплатил 1.500 евра.

На две лица им земал пари за да им помогне да добијат социјални станови. Од еден наплатил 5.000 а од друг 3.500 евра.

Ов а се детали од пријавата на штипската полиција за лицето кое измимнатите години фигурира како сопственик на интернет порталот Без Пардон кој подоцна беше преименуван во Комуникација.мк.

Според извори од истрагата, за Насев има голем број пријави и во Скопје кои сеуште не се ниту процесуирани.

Тој веќе бил и осудуван и одлежувал затворски казни за слични дела на измама. Но тоа малкумина го знаат. Во изминатиот период освен како висок функционер во повеќе министерства, тој се претставуваше и како директор на маркетинг агенции, потенцијален менаџер на МРТВ и близок личен советник на владини функционери.

С.А.

најчитано сега