Одбележување на 100 години од откривање на првиот артефакт на карпеста уметност во Македонија

 

Центарот за карпеста уметност на Македонија, денес во 12.00 часот во Порта Македонија ќе одржи Свечена промоција во пресрет на 100 години од откривањето на првиот артефакт на карпестата уметност во Македонија.

Свечената промоција ќе ја раководи директорот на Центарот за карпеста уметност на Македонија проф.д-р Душко Алексовски, кој е почесен претседател на Светската академија за карпеста уметност, и прв универзитетски професор во Македонија и на Балканот по предметот Палеолингвистика.

На Свечената промоција ќе присуствува и ќерката на проф.д-р Етјен Пат, почитуваната госпоѓа Женевјев Пат (79), родена 1936 година во Франција, претседателка на Француската асоцијација љубители на литературата за деца.

На Свечената промоција Центарот за карпеста уметност на Македонија, во името на претседателот на Светската академија за карпеста уметност проф.д-р Маџеед Кхан (Majeed Khan), актуелен заменик министер за култура на Саудиска Арабија ќе им врачи плакети на Женевјев Пат, Н.Е. Лоранс Ое амбасадорка на Франција во Македонија, проф.д-р Душко Алексовски, Сотир Пастенаров и Светскиот Македонски Конгрес.

Истовремено, на Свечената промоција проф.д-р Душко Алексовски ќе врачи највисоко одликување "Сребрен Медал од Прв ред" на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, за заслуги за развој на карпестата уметност во Македонија.

Во пресрет на 100 години од откривањето на првиот артефакт на карпестата уметност во Македонија, денес во просториите на општина Старо Нагоричане, градоначалникот Милован Стојковски, свечено ќе го пушти во употреба Музејот за карпеста уметност на Македонија. Постојаната изложба за карпестата уметност ќе биде изработена и поставена за време на јубилејната 2016 година - 100 години од откривањето на првиот артефакт на карпестата уметност во Македонија. Со одлука на градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Музејот за карпеста уметност е именуван "Етјен Пат" (Etienne Patte).

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега