Заев ги легитимираше соросовите НВО како продолжена рака на СДСМ

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска на прес-конференција објави нова таканаречена бомба, истакнувајќи дека невладините организации кои го поддржуваат СДСМ и кои работат за него наводно биле прислушкувани. Експертите сметаат дека Заев со ова ја отплаќа силната поддршка која ја добива од соросовите НВО.

И при денешната “бомба“ Заев не емитуваше креирани аудио разговори, туку делеше некакви папки со материјали. Она што лидерот на СДСМ го задржа од сите претходни прес- конференции се долгите говори, наратив кој не кажува и не значи ништо.  Доколку се погледне списокот на невладини организации кои ги соопшти Заев ќе се види дека сите до една се финансирани од СОРОС.

Заев рече дека прислушкувани биле првите луѓе и активни членови на НВО Инфо Центар, Хелсиншки Комитет, Транспарентост Македонија, Фондацијата Отворено општество - СОРОС, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Истражувачки центар за граѓанско општество, Граѓанската платформа АЈДЕ, Центарот за стратешки анализи Форум, Македонски центар за европско образование, Фондацијата Метаморфозис.

Познавачите коментираат дека практично со денешната прес-конференција и пласирањето на информации дека некој ги прислушкувал челните луѓе на овие НВО, Заев ја отплаќа силната поддршка кои споменатите организации отворено и постојано му ја пружаат.

Експертите се согласни дека со денешниот прес Заев практично ги легитимираше овие невладини организации како продолжена рака на СДСМ. Вкупно 97 милиони евра се буџетите кои Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ)- попозната како СОРОС ги потрошила за корумпирање и поддршка на политиките на СДСМ во сите свои години на постоење, а Заев денеска само продолжи да одработува за нив.

Опозицискиот лидер сакаше денеска да ги претстави овие НВО како жртви на наводниот режим, за тие да продолжат да истураат пари за креирање на погрешна слика и перцепција во општеството.

Па така, на списокот на Заев денес се најдоа Транспарентност Македонија на Сашо Орданоски, СОРОС Македонија предводена од Владимир Милчин, Плоштад Слобода – иницијатива создадена за партиски цели на СДСМ каде еден од основачите е братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумоски, Хелсиншкиот комитет чиј извршен директор Уранија Пировска може да се забележи речиси на сите опозициски протести и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) чиј долгогодишен претседател беше Лидија Димова, висок партиски фунционер на СДСМ.  

Заев на прес-конференцијата рече и дека очекува усна изјава од еврокомесарот Јохаес Хан во која ке ги потврди тезите на СДСМ кои наводно Заев ги добил во телефонскиот разговор од петокот, но засега нема таква изјава и многу веројатно е дека Заев ќе остане повторно со куси ракави.

Имено, сосема е разбирливо ваквото однесување на еврокомесарот Хан, бидејќи тој во Вашингтон во четвртокот, но и потоа во петокот преку соопштение потврди дека изборите биле регуларни и со позитивни оценки од ОБСЕ, како и дека очекува враќање на опозицијата во Парламентот. Експертите додаваат дека всушност тоа е разликата меѓу сериозни политичари и политичари кои се служат со привидни и локални политички трикови.

Инаку, портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич денеска рече дека Хан ги очекува лидерите на попладневен состанок во среда и нема потреба од понатамошно разјаснување за тоа што комесарот го кажа во Вашингтон минатата недела, а во врска со оценката на минатогодишните избори во Македонија.

Во соопштението на ЕК од петокот, а во однос на изјавата на Хан во Вашингтон дека „ланските избори во Македонија биле генерално позитивни со одредени забелешки на ОБСЕ/ОДИХР”, Комисијата наведе дека во телефонскиот разговор со Заев, Хан потврдил дека „целосно и недвосмислено ја поддржува оценката на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и предвремените парламентарни избори во Република Македонија во 2014 година”.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега