ФОТО: Гошев во милионска хациенда говори за стандардот на граѓаните

Поранешниот гувернер Петар Гошев сместен во удобна хациенда во една од подобрите скопски населби во неколку наврати создава слика на душегрижник за стандардот на граѓаните и економската ситуација, глумејќи дека е добро запознаен со состојбата на граѓаните, пишува порталот Денешен откако тој пред неколку дена го критикуваше и стадионот „Филип II Македонски“ кој бил и тежок за одржување, кој го доби  признанието  за најубав стадион на Балканот.

Како министер за финансии во Владата на СДСМ ќе остане запаметен како човекот кој го покачи данокот за граѓаните и ги зголеми цените на лековите. Тој допилнително се обезбеди себеси и со земјиште во Гевгелија со екстремна вредност, купено за багатела. Гошев земјиштето го купил за помалку од едно евро за квадратен метар кога неговата пазарната вредност изнесувала 10 до 15 евра за квадратен метар. Медиумите пишуваа и дека купил атрактивно земјиште во Гевгелија, во близина на граничниот премин „Богородица“ од лице на чија фирма претходно „Македонска банка“, по предлог на директорите на банката, порано вработени во НБМ, му отпишала долг за ненаплатен кредит од 250.000 илјади евра.

Обајцата на Управниот одбор на „Македонска банка“ во август 2004 предложиле долгот од 250.000 евра на „3М‘ да се избрише, а фирмата да врати само 100.000 евра. Долгот во март 2005 година е отпишан, а во октомври истата година Карабаков на Гошев му продал атрактивно земјиште од 9.111 метри квадратни за цена од само 5.000 евра. Земјиштето се наоѓа покрај автопатот во близина на граничниот премин „Богородица“.

Повеќе на Дневник

 

 

Оцени ја веста

07.06.2015 - 14:19
Фото: 
07.06.2015 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега