Пандов: Перјаниците на СОРОС се лидери на опозицијата

Мислам дека Македонија се наоѓа конечно пред разрешување на онаа политичка криза во која што не внесе СДСМ, Заев и Соросовата инсталација, истакна аналитичарот Александар Пандов, на вчерашната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија која се одржа во Струмица.

-Само за потсетување на 2 јуни се потпиша договор помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија, со потписи за гаранција на тој договор, на амбасадорот на ЕУ во Македонија и амбасадорот на САД. Тој договор подразбира дека имаме избори следната година во април, дека пратениците на опозицијата кои се надвор од Собранието се враќаат, сите пленуми, шатори и она што е сега инсталирано по паркови и по улици во Скопје ќе си одат дома, дека ќе се направи експертска комисија во Парламентот која ќе донесе нов изборен законик, ќе се пречисти избирачкиот список и после тоа ќе се премине на избори.

Тој посочи дека нема да има техничка Влада. -Останува премиер Груевски и министрите кои што се и сега, кои што мислам дека дополнително ќе помогнат да се разреши оваа политичка криза.

Пандов, водејќи се според сите анкети и параметри, изрази уверување дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата повторно ќе победат, Груевски ќе остане премиер и ќе го задржи оној пат кој сега го има, а тоа, како што кажа Пандов, е просперитет, отворање нови работни места, нови инвестиции, нови патишта, отворање нови училишта и болници...

-Заев е во страшен хаос и превзема обврски со кои не може да се носи. Поради неговата некапацитетност и неинвентивност сега не е он лидер на опозицијата, лидери се перјаницата на СОРОС, Геровски, Ордановски, Фрчковски. Заев дополнително влезе во зделки со поранешни удбаши, со разни агентурни мрежи, но за сето тоа он има и кривични пријави. Час поскоро, неговото заминување од градоначалничкото место во Струмица е добро и за градот и за целиот регион, бидејќи Струмица е значајно место во Македонија, додаде Пандов.

 

 

Оцени ја веста

06.06.2015 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега