Екстерно тестирани 58 илјади ученици

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека согласно објавените распореди на интернет страницата  prasanjaeksterno.dic.edu.mk, денеска во 9:30 часот започна процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 57.891 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година средно образование.

Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, до овој момент процесот се одвива непречено.

Процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на вкупно 183.280 ученици и проверка на објективноста на оценувањето на 17.803 наставници по 7.560 предмети, започна вчера и ќе заврши заклучно со 10 јуни.
 
Резултатите ќе бидат објавувани етапно, при што, поради претстојните уписи во задолжителното средно образование, предност ќе имаат деветтоодделенците.  
 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега