Како се одвива екстерното тестирање во општина Гевгелија?

Од вчера па до 10 јуни се спроведува екстерното тестирање за учебната 2014/2015 година, кое ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

Екстерно тестирање полагаат сите ученици од четврто до деветто одделение во основните училишта во општина Гевгелија вкупно 1.107, како и сите ученици од прва до трета година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ кои се 656 на број.

Според она што беше забележано во сите училишта во општината, првиот ден од екстерното тестирање помина во најдобар ред а тестирањето го надгледуваа и набљудувачи од општините и другите државни органи, информираат од општината.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега