Форум за стручно оспособување и вработување на лица со попреченост

Законските можности и политики за стручно оспособување и вработување на лица со попреченост во Македонија, улогата на асистивната технологија во стручното оспособување и вработување на лицата со попреченост, како и улогата на дневните центри за лица со интеклектуална попреченост во развојот на работни вешнини се темите кои денеска беа опфатени на Форумот за стручно оспособување и вработување на лица со попреченост кој се одржа во хотелот Континентал.

Василка Димоска од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост-Порака истакна дека форумот претсавува одлична можност за согледување на сите активности кои се актуелни во моментот во нашата држава со вработувањето на лицата со попреченост.

- Актуелната состојбата за вработување на лицата со попреченост како и за донесување на новиот закон за вработување на тие лица, овој форум претставува добра можност за размена на искуства каде ќе се согледаат кои чекори може Македонија да ги преземе со што би се заштедило на време и финансии, истакна Димоска.

Во однос на вработувањето на лицата со попреченост, Димоска истакна дека трендот е зголемен и според неа новиот закон кој е во подготовка ќе ги отвори можностите за вработување на лицата со попреченост и на отворениот пазар на труд со што, како што рече, ќе им се даде можност и за изедначување на нивните можности.

- Она што е позитивна новина во тој нацрт-закон за вработување на лица со попреченост е можноста воведување на рехабилитациски програми, односно обука или дообука или преедукација на лицата за да можат да се вклучат во современите токови на вработувања, рече Димоска.

Владо Крстовски од РЦПЛИП-Порака истакна дека Дневните центри за лицата со интелектуална попреченост во рзвојот на работни вештини имаат голема улога во оспособувањето на тие лица за осамостојувањето за самостоен живот како и за работно оспособување.

Во моментот во Дневниот центар во Скопје згрижени се 40 лица со умерена и тешка интелектуална попреченост кои се третираат во различни групи за работни активности.

На форумот беа презентирани истражувањата од проектот INVESTT како концептот за Универзален дизајн за стручно оспособување и обука.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега