Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Првите читања на предлог - законите за дополнување на законите за семејството и за социјалната заштита, второто читање од предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2014 година се на дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе дебатират по предлог-законите за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, за изменување и дополнување на Законот за девизно работење, за дополнување на Законот за Централен регистар и за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, сите во второ читање. На дневен ред се и првите читања од предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, за изменување и дополнување на Законот за денационализација и за изменување и допoлнување на Законот за експропријација.

На Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Утврдување предлог - одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија и Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претсеадтел и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин".

Пред членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е второтот читање од предлог-законот за дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост. 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега