ФОТО: Дознајте колку чини часовникот на Надал

Рафаел Надал не се дели од скапоцениот часовник, кој компанијата „Ришар Мил“ го направила само за него, а го носи дури и кога игра тенис.

Можеби изгледа чудно што некои тенисери дури и во текот на мечот ги носат часовниците, додека некои други ги ставаат на својата рака веднаш по завршувањето на последниот поен. Спонзорските договори на познатите произведувачи им носат вистинско богатство.

Рафаел Надал во текот на Ролан Гарос носи часовник вреден 775.000 долари направен од швајцарската компанија „Ришар Мил“ само за него.

Сега веројатно ви е јасно зошто Шпанецот го носи својот часовник дури и кога се тушира.

Меѓутоа, освен ова, има и друга причина поради која Надал не се одвојува од својот часовник, а тоа се две кражби.

Имено, еден скапоцен часовник исчезнал од неговата соблекувална и никогаш не бил пронајден, додека полицијата пред три години успеа да го фати крадецот кој со помош на картичка успеал да влезе во хотелската соба на Надал и да му го украде часовникот.

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега