Српските селани сакале да ја прегазат Хурем со трактор!

Турската актерка Мерјем Узерли доби сериозни закани од српските селани!

Поради снимањето на филмот „Сулејман Величествениот“ кое се одвива во селото Иваново каде што е подигнат мал филмски град мештаните се бесни на филмаџиите бидејќи не можат да дојдат до своите ниви.

Прва на мета беше токму Хурем, односно Мерјем Узерли, која ја игра главната улога во филмот.

-Не можеме да поминуваме кога ние сакаме, туку кога тие ќе ни дозволат. Ние живееме од земјоделие. Не можеме да си одиме в поле, крадците ми го крадат компирот. Не можеме да поминеме да сееме пченка бидејќи филмот се снима на јавна површина. Има да дојдам со трактор, да влетам на сет и да излезам на насловна страна „Унгарец со бугарско потекло ја прегази Хурем во Иваново“ – вели Јозо Телбис, селанец од Иваново.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега