Познат пејач се откажа марихуана - не сака да биде „лош пример“

Популарниот музичар Пол Мекартни, член на легендарниот бенд Битлси, го фрли џоинтот. По долги години користење, Пол поради родителска должност, одлучил повеќе да не користи марихуана. Како што вели тој, сега преминува на вино и маргарита- коктел од текила и сок од лимон.

Мекартни се одлучил на ваков чекор, бидејќи не сакал да биде лош пример за своите пет деца и внуци. 

Сега седумдесет и две годишниот музичар е во одлична форма и се храни исклучиво со вегетаријанска храна.

Во далечната 1980 година, Пол се обидел да влези во Јапонија со голема количина на марихуана, по што завршил во затвор 10 дена. 

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега