Нова лидерска во вторник - на неа и Јоханес Хан
Во вторник ќе се одржи новата лидерска средба помеѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, со присуство на еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан.
На средбата нема да присуствуваат тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои досега беа медијатори помеѓу преговорите кои лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги имаа во Брисел и Стразбур.
Досегашните три лидерски средби не донесоа договор, а нити пак рамка или форма во која би се одржале преговорите. Сите страни засега остануваат на своите ставови.
Оцени ја веста
30.05.2015 - 10:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа