Владата додели 450 000 евра за компании за иновации
Владата додели 450 000 евра за „старт-ап“ и „спин-оф“ компании. Средствата се доделени на 16 компании за иновации, во рамките на првиот јавен повик за предлог-проекти на Фондот за иновации и технолошки развој.
„Вкупниот буџет изнесуваше 600.000 евра, но со овој повик ќе бидат доделени 450.000 евра, од причина што дел од буџетите на апликациите не побарале максиманлна сума од 30.000 евра.“, истакна директорката на Фондот за иновации, Јасмина Поповска.
На овај повик пријавени биле 78 проекти. Во оваа фаза избрани се 16 проекти, дел од информатичката област, а останатите од други сфери. Во наредната фаза на евалуација поминале 34 проекти.
Поповска додаде дека буџетот за следниот јавен повик ќе изнесува 1.700.000 евра и дека ќе бидат отворени повици за сите 4 инструменти кои што се на располагање на фондот.
„Следните повици ќе бидат наменети за комерцијализација на иновации, зa трансфер на технологии и деловно-технолошки акцелератори и секако истиот инструмент повторно ќе биде објавен.“, потенцираше директорката.
Директорот на Комитетот за одобрување на инвестиции, Ристо Калске, рече дека во споредба со Србија, каде биле финансирани само 6 проекти, процесот за доделување на гратови во Македонија бил доста успешен.
Тој додаде дека квалитетот на апликациите бил добар и дека биле застапени неколку основни индустрии.
Од 78 пристиганти апликации, 25 проценти од апликантите се компании кои што се основани оваа година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа