Косово: Уапсени членови на движењето „Самоопределување“

 

Денеска триесетина членови од косовското движење „Самоопределување“ беа уапсени од полицијата поради обидот да го блокираат влезот на Парламентот и да оневозможат пратениците да го ратификуваат договорот со Белград. 

Според полициски извори бројката на уапсени стигнала и до 50 лица. Демонстрантите фрлаа врз полицајците бела боја, а тие возвратија со солзавец. 

Петар Милитиќ кој е потрпретседател на парламентот напишал на својот Фејсбук профил дека некои од пратениците биле и физички нападнати. 

Во собраниската сала членови на „Самоопределување“ со Аљбин Курти на чело, го истргаа микрофонот од пред претседателот на косовската собрание Јакупи Красниќи во моментот кога тој рече дека на седницата е прусутен 101 пратеник и најави почеток на гласањето за ратификација на бриселскиот договор.

Тие рекоа дека нема да дозволат гласање за предлог-законот за ратификација  на „договор со Србија“.

Красниќи даде десет минути пауза, но ни потоа седницата не продолжи.

Претходно, Красниќи го критикуваше однесувањето на „Самопределувањето“ и истакна дека кога тие би биле на власт не би довеле демократија.

Истовремено пратениците на „Самоопределувањето“ го развиорија знамето на Косово на која пишува „Косово на Хашим“.

најчитано сега