Во Дојран се прскаше против комарци- препаратот не е штетен за луѓето, почвата и водата
На територијата на општина Дојран се изврши авионско прскање против комарци. Аеросолната адултицидна дезинсекција се изврши на површина од 1.000 хектари, со високо квалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината, соопшти општина Дојран.
Од општината потенцираат дека препаратот што се употреби за прскање против комарците не е штетен за луѓето, почвата и растенијата и оти не ја загадува водата.
Единствено се апелираше до пчеларите да преземат мерки за заштита на пчелните семејства во терминот за прскање.
Оцени ја веста
19.05.2015 - 18:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа