Делегација на МВР на регионален самит за борба против насилен тероризам

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од  заменик-министерот Земри Ќамили денеска и утре во Тирана учествува на регионален самит за борба против насилен тероризам, кој го организира Министерството за внатрешни работи на Албанија.

- Во рамки на предвидените панел-сесии,  заменик-министерот Ќамили учествува со свое обраќање поврзано со улогата на локалните власти во борбата против насилниот екстремизам, во насока на истакнување на врската која постои меѓу локалните заедници, невладините организации  и националните влади во решавање на прашањето на насилниот екстремизам на Балканот, соопшти МВР.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега