ФОТО: Ученици од Аеродром и Чаир против дискриминација и насилство

Учениците од ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ од општина Аеродром денеска, заедно со учениците од ОУ „Васил Главинов“ од општина Чаир, учествуваа на училишниот проект против дискриминација и насилство „Ем башка, ем барабар“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Целта на проектот е истакнување на соживотот меѓу најголемите етнички заедници во Македонија.

 

Програмата беше проследена со неколку македонски, албански и еврејски песни, драматизација, литературно читање и балетски настап.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега