Пожар пепелоса куќа во Делчево

Денеска изгоре куќа во Делчево, објави порталот Делчево денес.

Од пламените јазици целосно изгорела кровната конструкција на куќата во која живеат две семејства, Димитровски.

Најверојатно причина за пожарот е печката на дрва на која жената од едното семејство готвела ручек.

Во моментот кога избувнал пожарот куќата била празна.

ФОТО: Сител